Хакери украле 160 милиони долари од лондонска компанија која тргува со криптовалути

од Stefanija Kuzmanovska
178 прегледи

Хакери украле дигитални средства во вредност од околу 160 милиони долари од лондонската компанија „Wintermute“, која се занимава со трговија со криптовалути, објави денеска извршниот директор на таа компанија, Евгениј Гавој, пренесе „Ројтерс“.

Гавој напиша на Твитер дека кражбата го погодила секторот кој долго време бил оптеретен со сајбер напади.

Најголемиот грабеж на криптовалути од нивното основање се случи на почетокот на август 2021 година, кога беа украдени шестотини милиони долари од децентрализираната финансиска платформа Poly Network.

Слични содржини