Ковачки бара СДСМ да му се извини: Не сум осудуван

од Берта Китинска
185 прегледи

СДС лаже, во обид да го одбранат дезертерот Ковачевски манипулираат за наводно дело против мене.Најодговорно тврдам под целосна кривична и правна одговорност дека НЕ СУМ ОСУДЕН за Кривично дело фалсификување на исправа, пишува на својот Фејсбук профил Драган Ковачки, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Барам од СДС во рок од 24 часа да се извинат за оваа лага, во спротивно ќе поднесам Кривична пријава против партијата.Со лаги не можат да го демантираат документот дека нивниот претседател е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН.Дезертерот Ковачевски наместо да се служи со лаги, да почне да ги пакува куферите од Влада и да си даде оставка веднаш, бидејќи ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН човек не може и не смее да ја води државата, пишува Ковачки.

Слични содржини