Фудбалската репрезентација на Русија нема да биде во ждрепката за Европското првенство, потврдија од УЕФА.
Така, поради случувањата во Украина по Мундијалот, „Зборнаја“ остана без учество на уште едно континентално натпреварување.
„Руската репрезентација нема да учествува во ждрепката за квалификациската фаза на ЕУРО 2024. Причината за ова е одлуката на УЕФА во февруари да го суспендира учеството на руските тимови и клубови во натпреварувањата под покровителство на таа организација до понатамошно известување“, соопшти Руската фудбалска федерација.
Сите руски тимови во моментов се суспендирани по одлуката на Извршниот комитет на УЕФА од 28 февруари 2022 година, која потоа беше потврдена од Судот за спортска арбитража на 15 јули оваа година. Затоа, нема официјално да ги гледаме руските фудбалери на турнирот кој ќе се одржи во 10 различни германски градови од 14 јуни до 14 јули 2024 година. Ждрепката за истата е закажана за 9 октомври во Франкфурт.
Да потсетиме и дека руските клубови се под суспензија од УЕФА, па оваа година нема да ги гледаме во едно од трите натпреварувања под капата на таа организација.
Сборная России не будет участвовать в жеребьёвке отборочного этапа ЕВРО-2024.
Причина – февральское решение УЕФА о приостановке выступления российских сборных и клубов в соревнованиях под эгидой организации, по умолчанию действующее «до дальнейшего уведомления». pic.twitter.com/0a8mDYDkI3
— РФС (@rfsruofficial) September 20, 2022