Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска појасни дека на 1-ви мај годинава било ветено пред работниците раст на платите, но не линеарно зголемување од 2806 денари.
-Ветивме дека како Влада се грижиме за работниците. Јас како министерка една од најглавните надлежности ми е правата на работниците, но не со популистички мерки туку со системски кои ќе обезбедат постојат раст на платите на работниците. Токму затоа една од првите решенија што ги донесовме беше измените во Законот за минимална плата. Минималната плата во 2017 денари беше 9000 денари, а денес е 18000 денари. Член 8 од Законот за минимална плата во преодни и завршни одредби вели дека усогласувањето на минималната плата со колективните договори треба да биде во рок од шест месеци, но тоа е во 2012 година. Членот 8 сега е вон сила и затоа треба јасно да кажеме дека членот е вон сила, но Влада во моментов работи на општиот колективен договор, каде ќе имаме нова методологија и работиме на нов Закон за плати во јавниот сектор, рече Тренчевска во емисијата „Топ тема“.
Министерката нагласи дека „оваа Влада не е популистичка за да правиме пресметки кога зборуваме за подобар живот да гледаме кое е набројно гласачко тело“.