Турција верува дека е можен сеопфатен мир меѓу Ерменија и Азербејџан, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Генералното собрание на ОН.
Ердоган, говорејќи на Генералното собрание на ОН за конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан, рече дека Анкара верува дека е можно што поскоро да се потпише сеопфатен мировен договор меѓу двете земји.
Ердоган оцени дека повторното отворање на сообраќајните врски во регионот ќе придонесе за благосостојбата на сите страни.
„Оние кои сакаат да покажат моќ во регионот, и покрај тоа што нивното политичко и воено ниво никогаш не било еквивалентно на нашата земја, се прават будали“, додаде турскиот претседател.
Ерменија и Азербејџан се согласија на прекин на огнот минатата недела, со што завршија дводневните борби поврзани со деценискиот спор за територијата на Нагорно-Карабах.
Во размената на оган, за која двете страни меѓусебно се обвинија, загинаа повеќе од 170 војници, а постоеше опасност Турција, клучниот сојузник на Азербејџан и Русија, сојузник на Ерменија, да бидат вовлечени во конфликтот, пишува Ројтерс.