Руската опозиција денеска повика на протести против рускиот претседател Владимир Путин, откако тој го потпиша указот за делумна мобилизација на 300.000 резервисти.
Најистакнатиот руски опозициски лидер, Алексеј Навални, кој моментално е во затвор, рече дека Путин испраќа уште Руси во смрт поради неуспешната војна, пренесува „Ројтерс“.
„Јасно е дека злосторничката војна се влошува, се продлабочува, а Путин се обидува во неа да вклучи што повеќе луѓе“, рече Навални во видео пораката од затворот која ја снимија и објавија неговите адвокати.