Зиков за „војната“ меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ: Од авион се гледа дека се работи за пари

од Nikola Popovski
234 прегледи

Една стара руска поговорка за политиката вели: „Каде што не ви се јасни политичките причини за нешто, тогаш сигурно станува збор за пари“. Така да оваа ситуација од авион се гледа дека се работи за пари. Тендерот од 137 милиони евра е еден од поголемите во државата. Можете да замислите при евенатуална корупција колкави се процентите и колку е тоа во апсолутна цифра некој што ќе стави во џеб. Дури и најмалите проценти се атрактивни доколку некој влегол со рацете во медот, како што вели Арсовска, смета политичкиот аналитичар Љупчо Зиков за препукувањата и „војната“ меѓу градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, и во други општините низ Македонија се случуваат слични скандали.

-Во две општини во источна Македонија има слични ситуации, но и во Западна Македонија. Ризикувам да влезам во конфликт со градоначалниците доколку продолжам да зборувам. Ова е мојот став вечерва за настап. Во наредните денови ќе излезе. Според мене, овде станува збор за директен судир на проект кој чини многу пари и кој директорот од ВМРО-ДПМНЕ влегол во некаква екскурзија. Обвинителството треба да докаже. Ова е ракописот на ВМРО-ДПМНЕ во сите 11 години негово владеење, рече меѓу другото Зиков во гостувањето на „Само вистина“.

Слични содржини