Лидерот на Сојузот на средношколци, Лука Павиќевиќ вели дека има голема разлика меѓу Македонија и Словенија во однос на образованието.
-/Не мораме да одиме толку далеку во споредба со скандинавските земји. Еве ќе земеме пример една поранешна земја од Југославија. Каде е Словенија, каде сме ние? Таму сегашниот премиер ги повика претходните премиери и да се договорат дека сите заедно ќе седнат и ќе бидат министри во неговата влада. Словенија кога прави реформи во образовниот систем седнуваат сите заедно и се договараат за 10,20 или 30-годишна стратегија каде сакаат да го видат образованието. Затоа сметам дека треба да се соберат универзитетските професори, наставниот кадар, родителите, граѓанскиот сектор, МОН, невладините и сите заедно да се донесе консензус и стратегија каде сакаме да го видиме образованието за 10 години. Сите заедно дури и непишано да се согласиме дека ќе го правиме ова за подобар образовен систем, водејќи се од тие принципи, рече Павиќевиќ во емисијата „24 анализа“.