Промена на правило што може целосно да ја смени кошарката (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
299 прегледи

Европската и светската кошарка би можеле да доживеат една од најголемите промени во наредните години, доколку правилото што во сезоната 2022/2023 ќе биде тестирано во Шпанија, го пронајде својот пат до остатокот од светот.

Имено, шпанската АЦБ лига сезонава донесе одлука да им дозволи на играчите, во случај топката да го напушти теренот, да ја вратат во игра без допир или дозвола од судијата.

Сепак, ова има едно ограничување – дозволено е само во ситуации кога топката е на нивната половина.

А колку тоа може да има влијание врз играта покажува примерот од пријателскиот натпревар помеѓу Манреса и Хувентуд, кога играчите на Манреса ја загубија топката под противничкиот кош, а кошаркарите на Хувентуд го искористија новото правило за да ја казнат ненаместената одбрана на ривалот и лесно да постигнува кош од контра.

Слични содржини