141
Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Мексико, неколку дена по силниот земјотрес во кој загинаа две лица, а беа оштетени стотици згради.
Жителите на главниот град Мексико Сити излегоа на улиците откако се тресеа зградите и се огласија сирените, јавува „Ројтерс“.
Градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шајнбаум, изјави дека засега нема извештаи за материјална штета.