Утрово во 3:03 часот официјално на северната хемисфера на Земјата започна есента, додека на јужната пристигна пролетта. Есента ќе трае до 21 декември кога во 12:07 часот ќе започне зимата.
Првиот ден од ова годишно време започна со студено утро, а во текот на денот во земјава се најавува променливо облачно време со локален слаб дожд и слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје, пак, според најавите, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Минималната температура во државата ќе се движи од 1 до 10 степени, а максималната од 14 до 22, додека во главниот глас таа ќе се спушти до 5, а најмногу ќе достигне 20 степени.
Во текот на викендов утрата исто така ќе бидат студени, но се очекува дневната температурата да биде во пораст.
Според прогнозата, стабилизирањето на времето нема да трае долго и од вторник се најавува дестабилизирање со локални врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни и пропратени со грмежи. Ќе дува засилен јужен ветер.
Ќе трае 89 дена
Есента почнува ноќта меѓу 22 и 23 септември, петок. Тоа е 266 ден од годината, 38. седмица, во 3:03 часот по средноевропско време. Есента ќе трае до 21 декември во 22:48 часот, кога официјално ќе почне зимата.
Утре, петок, кога е првиот есенски ден, сонцето ќе изгрее во 6.26 часот, а ќе зајде во 18.34 часот.
Во истиот момент на јужната хемисфера на Земјата ќе започне пролетта, а на северната каде сме и ние, сонцето ќе изгрее точно на исток и ќе зајде точно на запад.
Денот и ноќта ќе бидат еднакви и ќе траат по 12 часа, есенска рамноденица, кога центарот на Сончевиот диск достигнува нулта деклинација.
Есента ќе трае 89 дена, 20 часа и 44 минути, што е за шест минути повеќе од лани.
Според толкувањето на метеоролозите, летото заврши на 31 август, а есента ќе трае од 1 септември до крајот на декември 2022 година.