167
Млада мајка од американската сојузна држава Јужна Каролина починала кога ненамерно била застрелана од нејзиниот тригодишен син, кој во нивниот дом го пронашол пиштолот, соопштија локалните власти.
Шерифот на округот Спартанбург бил повикан во средата наутро по локално време, а жртвата се вика Кора Лин Буш (33), објави „NBC News“.
„Иако нашата истрага е во тек, сè укажува дека трагичниот настан се случил кога момчето посегнало по пиштолот и случајно ја застрелало мајка си, која починала во болница“, соопштија од кабинетот на шерифот.