166
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони пред општите избори во неделата во таа земја изјави дека рускиот претседател Владимир Путин бил „притиснат“ да ја нападне Украина и дека само сакал „да стави пристојни луѓе на власт“ во Киев, пренесува „Ројтерс“.
Берлускони е еден од лидерите во десничарската коалиција за која се предвидува дека ќе има најголеми шанси за победа на неделните избори во Италија и е долгогодишен пријател на рускиот претседател, наведува британската агенција.
„Путин беше притиснат од рускиот народ, од партијата, од неговите министри да излезе со оваа специјална операција“, рече Берлускони.