Познатиот италијански голман Џанлуиџи Буфон изјави дека спортските великани како Роџер Федерер го заслужуваат еликсирот на животот за никогаш да не престанат да играат.
Познатиот швајцарски тенисер вечерва во 21:30 часот ќе го одигра последниот меч во кариерата на Лејвер купот во Лондон, и тоа во пар со својот најголем ривал, Шпанецот Рафаел Надал, против американскиот дабл тим составен од Џек Сок и Френсис Тиафо.
„Постојат спортски икони кои ги запираат нашите животи за момент кога велат дека е доста. На некои луѓе треба да им се даде еликсир на животот, штета е да се види како престануваат да играат“, изјави Буфон за Роџер Федерер на спортскиот саем во Тренто.