205
Жител на Охрид се обидел да проголта дрога додека бил запрен од полицајци при рутинска контрола.
Имено во текот на вчерашниот ден во 17.30 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид и Секторот за недозволена трговија со дрога при МВР го лишиле од слобода В.Ш.(30) од Охрид.
Претходно, тој бил забележан во патничко возило „алфа ромео“ со охридски регистарски ознаки на ул.„Сатеска“ во Охрид и при извршена контрола се обидел да проголта пакување со бела прашкаста материја, која му била одземена, соопшти полицијата и додава дека после целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.