Јаболкото го забрзува метаболизмот и го намалува холестеролот, кељот ги чисти токсините и го зајакнува имунитетот, а тиквата го блокира појавувањето на слободни радикали и штити од стареење.
Јаболки
Тие помагаат при намалување на нивото на лошиот холестерол и се богати со кверцетин, антиоксиданс кој овозможуваат подобар доток на кислород во белите дробови. Исто така, тие се и одличен извор на витамин Ц, кој помага за зајакнување на имунитетот и во борбата со настинките. Јаболка со средна големина содржи околу 14 проценти од препорачаните дневни дози за витамин Ц и околу 100 калории, а нашето тело троши околу 120 калории за да ја свари. Освен тоа, ова овошје е одлично и за појадок бидејќи го придвижува целиот метаболизам.
Карфиол
Слично како и јаболките, карфиолот изобилува со витамин Ц. Се смета дека една порција содржи околу 77 проценти од препорачаната дневна доза. Карфиолот е богат со антиоксиданси кои ги отстрануваат брчките, но и фитонутритиенти кои го намалуваат ризикот за добивање на рак на белите дробови. Токму поради оваа карактеристика карфиолот им се препорачува на пушачите.
Калинки
Ова овошје поради фактот дека изобилува со витамин Ц, фолна киселина и витамините А и Е, како и калиум, уште се нарекува и суперовошје. Во сокот од калинка има три важни полифеноли кои се моќни антиоксиданси поради кои тој е помоќен и од брусницата, зелениот чај и црното вино. Калинката има и антибактериски својства, штити од појава на дијабетес и рак, и помага во борбата со депресијата. Освен тоа, таа помага и за побрзо топење на мастите и ги ублажува симптомите на остеоартритис.
Тиква
Ова е одлична намирница за сите кои ги мачи алергија. Тиквата изобилува со витамин Ц кој го намалува нивото на хистаминот, и цинк, како и витамин А, кои го зајакнуваат имунитетот. Исто така, таа го блокира настанувањето на слободните радикали и со тоа ги штити ДНК ќелиите од предвремено стареење и мутации, а особено им се препорачува на луѓето кои имаат болести на желудникот и цревата.
Кељ
Овој зеленчук изобилува со витамини А, Ц и Е, како и магнезиум и каротеноиди кои го зајакнуваат имунитетот и помагаат во изградбата на црвста коса. Кељот ги чисти токсините од организмот, што е неопходно за добро здравје. Исто така, тој помага при кивавица и кашлица кај луѓето кои патат од поленски алергии.
Мандарини
Тие содржат двојно повеќе витамин Ц од портокалите и изобилуваат со фолна киселина и бета каротен кои се неопходни за добро варење. Мандарините се одличен извор на пектини кои спречуваат апсорбција на холестеролот на ѕидовите на крвните садови, а со самото тоа го спречуваат и ризикот за појава на дебелина. Пектинот е воедно задолжен и за регулација на шеќерот во крвта, што значи дека мандарините делуваат поволно на гладта и не предизвикуваат постојано чувство на глад.