Синоќа во 23.35 часот во СВР Охрид било пријавено оштетување на виртуелниот споменик на Глигор Прличев поставен на улицата „Коста Абраш“ кај малиот плоштад во Охрид.
Од извршениот увид, констатирано е дека биле откорнати буквите од предниот дел на споменикот и било отстрането македонското знаме, се вели во соопштението на полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.