Внатрепартиска „војна“: Во големите партии врие од незадоволство

од Берта Китинска
312 прегледи

Деновиве актуелна политичка тема се фракциите кои се појавија во ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ.

Мицкоски е потрошен во тоталност

Фракција за демoкратизација и реорганизација, односно ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ формирале членови на опозициската партија, која беше најавена на прес-конференција од Оливер Андонов, кој во 2016 година беше на еден ден министер за внатрешни работи назначен од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да даде оставка од функцијата и, како што рече Андонов, со тоа да се отвори патот за непоходните демократски промени во партијата.

-Основните политички цели кои сакам да ги посочам на оваа прес-конференција, покрај оставката на Мицкоски и целта за организација на нови избори за нов претседател на партијата, бидејќи сметам дека Мицкоски е потрошен во тоталност, ќе биде и повик до членството да се обединиме, рече Андонов.

Димитриевски најавува нови политики

Во меѓувреме градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на кој отворено ја кажа својата идна цел која е спротивна на интересите на владејачката партија чиј член беше тој.

Тој најави дека во другите градови ќе се формираат иницијативи по теркот на иницијативата „За наше Куманово“ кои потоа заедно ќе формираат граѓанско здружение кое ќе настапи на следните парламентарни избори.

Сопартиците му пишаа писмо на Ахмети

Дваесет истакнати членови од ДУИ го обвинија првиот вицепремиер Артан Груби за самоволие, барајќи од лидерот да ја запре внатрепартиската „војна“ .Ахмети на повиците кои беа упатени од „Огнената група“ појасни дека партијата има поставено стабилни структури кои можат да функционираат дури и без него.

Ахмети внатрепартиските превирања ги оцени како вредности на демократијата на кои и тој самиот инсистира веќе 20 години.

-Реков дека ДУИ има поставено стабилни структури кои можат да функционираат без Али Ахмети, без Блерим Беџети, без Муса Џафери, без Изет Меџити, ова е национална инвестиција и оваа национална инвестиција има силна основа и силна поддршка, рече Ахмети.

За барањето на потписниците на писмото Ахмети да го врати единството во партијата, лидерот на интегративците вели дека ова не е нешто ново.

Внатрепартиските превирања ги оцени како вредности на демократијата на кои и тој самиот инсистира веќе 20 години.

-Во овие 20 години колку што јас ја водам партијата, секогаш имало незадоволство, дебати и секогаш сум бил отворен за предлози и мислења, и никој не отишол на гилотиња за различно мислење , вели Ахмети.

Слични содржини