Бектеши: Владина поддршка ќе нема за рудници, казина и банки-ќе има за угостители и хотелиери

од Берта Китинска
172 прегледи

„Бизнисот ќе биде помогнат директно, но само оние сектори кои навистина имаат потреба. Кажав и досега дека поддршка од Владата ќе добиваат оние стопанственици кои покажуваат дека навистина штедат и оние кои навистина имаат потреба од поддршка, кажа министерот за економија Крешник Бектеши кој појасни дека со владините мерки за намалување на ефектите од енергетската криза ќе бидат опфатени угостителите и хотелиерите, но не и рудниците, казината, банките и сличните такви дејности.

„Не верувам дека имаат потреба од поддршка некои компании кои лани имале профит од над 30 милион евра, кои имаат минерални суровини и кои користат јавни добра од сите граѓани. Тие податоци ги имаме и мерките се прават“ истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по настанот по повод Светскиот ден на туризмот.

Според Бектеши, одредени хотели и угостителски објекти се на регулираниот пазар и имаат загарантирана цена на струјата до 31 декември, а за оние што се на слободниот пазар Владата до крајот на оваа недела ќе излезе со конкретни предлози за да ги намалат трошоците за електричната енергија.

Во однос на недостигот на квалификувана работна сила во туризмот, Бектеши рече дека веќе се работи на ново законско решение за олеснување на процедурите и поедноставно добивање дозволи за работа во државата.

На средбата на 15 декември со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, Бектеши најави дека до крајот на месецов ќе биде објавен пакетот помош за фирмите. Она што е познато е дека ќе биде таргетиран само за компаниите кои се на отворен пазар и ќе бидат опфатени и нивните барања.

Слични содржини