Здравството нема да се соочи со недостиг на струја или парно, вели Сали

од Берта Китинска
155 прегледи

Министерот за здравство, Беким Сали уверува дека здравството ќе функционира како што функционирало и во изминативе 30 години и дека нема да се соочиме воопшто со недостиг на електрична или пак топлинска енергија.

Сали информираше дека пред две недели е пуштен допис до сите јавни здравствени установи да се погрижат за минималната заштеда на електрична енергија.

– Доколку успееме да заштедиме до пет проценти, не во виталниот дел, туку во деловите што се поддршка, како на пример ноќно осветлување на објектите, парковите ќе оствариме минимална заштеда во целосниот систем, изјави министерот.

Слични содржини