Германската полиција упадна на мегајахта на руски олигарх

од Stefanija Kuzmanovska
233 прегледи

Германската полиција пребара мегајахта закотвена на северот на земјата, како дел од истрагата против руски олигарх кој е осомничен дека е вмешан во перење пари, соопшти државното обвинителство во Франкфурт.

Како што пишува „Шпигел“, мегајахтата му припаѓа на Алишер Усманов, олигарх кој е на листата на европските санкции. Минатата недела полицијата изврши претрес на неговиот имот.

Канцеларијата на Усманов ги отфрли обвинувањата како „неосновани и клеветнички“.

Се сомневаат дека испрал милиони евра

Обвинителството се сомнева дека рускиот олигарх перел милиони евра финансиски трансакции од 2017 до 2022 година со цел да го прикрие потеклото на парите добиени од криминални дела, пред се за даночно затајување.

„Форбс“ го проценува богатството на Усманов на околу 14,6 милијарди долари, а истражителите отворија две одделни истраги против него.

Мегајахтата по име Дилбар е долга 156 метри и беше закотвена во германското пристаниште Бремерхавен минатата недела, пренесува Sky News.

Слични содржини