ВИДЕО кое го насмеа светот: Ким Кардашијан се труди да се движи во претесен фустан

од Stefanija Kuzmanovska
311 прегледи

Многу модни познавачи се согласуваат дека новата соработка меѓу Ким Кардашијан и брендот Dolce&Gabbana ќе направи револуција во естетското искуство на оваа модна куќа.

Ким ја претстави својата колекција Ciao, Kim во соработка со Долче на модната недела во Милано.

Реалити ѕвездата веќе навикнавме да ја гледаме во креации кои ја шокираат јавноста и за кои се зборува неколку месеци, па од соработката со Dolce&Gabbana можевме да го очекуваме само најдоброто.

Ким на ревијата се појави во сребрен тесен фустан обложен со светкави штрасови, кој ја следеше линијата на нејзиното тело по целата должина.

Сребрениот фустан беше украсен со необично деколте, исто така со врвки, а бидејќи ѕвездата беше во сребрена боја и штрасови од глава до пети, таа го украси фустанот со ефектно сребрено ланче и минијатурна чанта.

За да се движи во овој фустан, Ким морала да направи многу мали чекори, а колку всушност е тесен фустанот кажува едно видео кое за многу кратко време го погледнала цела планета. Ким наишла на скалите и морала да скока за да ги надмине пречките.

Ким Кардашијан не можела ниту да влезе во автомобилот, за тоа и била потребна помош, а откако седнала на задното седиште морала да легне. Нејзиното вирално видео е прегледано над седум милиони пати, а Ким уште еднаш покажа дека ќе направи се за убавина.

Слични содржини