Ги имаме донесено сите одлуки и меморандум за соработка со гасот од Србија. Се работи за размена на гас за електрична енергија со Србија. Врз основа на договор за кој се преговара и не е финално договорено, ќе се реализира доколку постои 100% шанса за такво нешто. Преговорите продолжуваат во наредните денови, информира премиерот Димитар Ковачевски на вонредната прес-конференција.
Според него, Србија ќе треба финално да каже што може да реализира од претпоставената конструкција во однос на размена на гасот со електрична енергија.
Ковачевски го коментираше и планот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за справување со енергетската криза.
-Тој направи добар сублимат од тоа што го имаме кажувано. Јас повикав утре пратениците да ги изгласаат Законите кои што се потребни во однос на непречено снабдување со енергенси за граѓаните, кажа премиерот како одговор на новинарско прашање.