Премиерот Димитар Ковачевски е дециден дека владеачкото мнозинство е стабилно.
-Сигурен сум дека имаме владино мнозинство. Не можам да коментирам внатрепартиски случувања во ДУИ. За тоа даде изјава и лидерот на ДУИ. Во однос на именувања кои што ги прави Град Скопје, јас немам никакво учество, вака одговори Ковачевски на новинарско прашање на синоќешната прес-конференција.
Тој беше запрашан откако претходно беше обелоденето дека дел од членовите на „Огнената група“ на ДУИ веќе имаат коалиција со градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.
Град Скопје вчера објави дека се назначени нови директори на празните раководни места во јавните претпријатија, меѓу кои со ЈП „Улици и патишта“ ќе раководи Саид Саид, а на в.д директорската позиција во ЈП „Паркови и зеленила“ ќе биде Реџепи Зухејр.