Шведска откри четврто истекување гас на гасоводот Северен тек

од Stefanija Kuzmanovska
213 прегледи

Шведска претходно оваа недела откри четврто истекување гас на оштетениот гасовод „Северен тек“, соопшти крајбрежната стража, пренесе „Ројтерс“, цитирајќи локални медиуми.

„Две од овие четири истекувања се во ексклузивната економска зона на Шведска“, изјави портпаролката на крајбрежната стража за весникот „Свенска дагбладет“.

Во понеделникот беа откриени истекувања на гас од системот на гасоводот Северен тек во шведските и данските води на Балтичкото Море, при што Европската унија и НАТО изразија уверување дека инцидентот е резултат на саботажа.

Слични содржини