Мицкоски го кани Ковачевски на дебата

од Берта Китинска
155 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција го повика премиерот Димитар Ковачевски на дебата во врска со предлогот на опозицијата партија за надминување на енергетската и топлинска криза.

Мицкоски рече Ковачевски да го одбере местото и часот за дебата, а потоа на новинарско прашање одговори дека, исто така, бара и средба со Владата.За стабилноста на парламентарното мнозинство рече дека се кажуваат многу лаги, но оти ВМРО-ДПМНЕ работи на одржување предвремени парламентарни избори.

Претходно денеска, на седницата во собранието посветена на пратенички прашања, премиерот Димитар Ковачевски ѝпорача на ВМРО-ДПМНЕ контактите за набавка на евтина струја да ги достави до АД ЕСМ или до Министерството за економија.

-Зборувате за контакти од компании кои може да обезбедат енергенси со одредени цени. Нека се достават тие контакти за евтина струја во архивата на АД ЕСМ или до министерот за економија за да видиме какви се понудите, какви се условите за испорака, која е според меѓународните стандарди точката за преземање на енергенсите и ако понудата е најдобра, ќе биде прифатена. Секоја помош во овие услови е добредојдена, никој не одбива ништо. Ако навистина постојат такви контакти, тоа се адресите: ЕСМ и Министерството за економија, кажа премиерот Ковачевски и порача на ВМРО-ДПМНЕ контактите за набавка на евтина струја да ги достави до АД ЕСМ или до Министерството за економија.

Слични содржини