198
Финска од полноќ ја затвора својата граница за руски туристи, соопшти денеска владата на земјата.
Финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто на прес-конференција изјави дека границата ќе биде затворена за сите руски туристи, но не и за сите руски граѓани, пренесе „Ројтерс“.
Наредбата за делумна мобилизација во Русија предизвика протести низ Русија, апсења на демонстранти и заминување на руски граѓани од таа земја.