Захариева: Политичарите во С.Македонија се уште се жртви на комунистичката југословенска пропаганда

од Берта Китинска
186 прегледи

Едно мора да им биде јасно на политичарите во Скопје, Европската унија гарантира подобар живот за нивните граѓани и тие го сакаат токму тоа, но наместо да одат по патот на добрососедството, тие се уште се жртви на комунистичката југословенска пропаганда на омраза кон Бугарија, вели поранешната вицепремиерка и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева во интервју за БГНЕС, а во пресрет на парламентарните избори во земјата каде таа е еден од носителите на листа на ГЕРБ.

На прашањето дали во Брисел разбираат дека македонизмот е неспоив со европските вредности и дека не му е место во ЕУ таа потенцира дека јасно е кој има интерес а кој не сака Северна Македонија да влезе во ЕУ и кој сака Балканот да остане нестабилен.

„Урсула фон дер Лајен тешко дека ќе заборави како ја пречекаа во парламентот на Северна Македонија – со плакати „Предавници на народот“, „Народот рече НЕ, сфатете“, „Јазикот е идентитет“, „Деца на Заевизмот, го враќате фашизмот“. Што е со францускиот претседател, што со комесарот за проширување? Одамна антибугарскиот бран стана антиевропски. Сите знаеме кој има интерес од ова, кој не сака Северна Македонија да влезе во Европската Унија и кој сака Балканот да остане нестабилен. Зарем не мислите дека европските амбасадори во Скопје пред неколку дена не видоа како на трибините на нивниот стадион публиката ја исвиркува нашата химна и ги навредува нашите фудбалери. Видовте ли таков став во Разград кога бевме домаќини на нивната фудбалска репрезентација?“,вели Захариева.

Слични содржини