Нападнал судски извршител и полицајци во својот двор

од Nikola Popovski
106 прегледи

Во текот на вчерашниот ден во 20.00 часот во с.Мусинци, општина Могила, полициски службеници од Полициското одделение Новаци го лишиле од слобода е Ѓ.Р.(30) од с.Мусинци.

Лицето во дворот на неговата куќа агресивно се однесувало и попречувало судски извршител и полициски службеници при преземање на службени дејствија, а со остар предмет се обидел да го нападне извршителот и оштетеното лице, по што побегнал.

Ѓ.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.