Претседателот на ССМ, Дарко Димовски учествуваше на 24 Синдикална школа на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија и пред 200 синдикалци членови на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија пренесе дека Сојузот на синдикатите на Македонија цврсто стои заедно со здравствените работници и дека е потребна синдикална акција преку организирање на генерален штрајк во здравство за вршење на притисок кон властите да ги зголемат платите на здравстврните работници веднаш и доколку донесе Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија таква одлука, цел ССМ ќе застане позади него.
-Работниците во здравството да се охрабрат и да застанат цврсто во намерата да го добијат заслуженото зголемување на нивните плати поради тоа што Министерството за здравство и Владата не го ценат и вреднуваат нивниот труд, истакнал Димовски.
Претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија, Љубиша Каранфиловски истакнал дека во наредните денови во зависност од информациите од министерот за здравство и Владата, на седница на Советот ќе се одлучи за организирање на генерален протест заедно со другиот синдикат и доколку нема резултат, како крајно средство, штрајк во цело здравство.
На денешната средба се покажа единството на синдикатите во здравствената дејност Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија и Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија – ССКЦ кои заеднички ќе ги преземат сите наредни чекори со цел достоинствено вреднување на трудот и зголемување на платите на здравствените работници.