Започна гласањето во Бугарија, од Македонија ќе гласаат 181 лице

од Берта Китинска
139 прегледи

Утрово, во Бугарија почна изборниот ден на предвремените парламентарни избори, на кои граѓаните на земјата треба да го изберат 48. Народно собрание.

Гласањето, како што велат првите извештаи на бугарската новинска агенција БГНЕС тече нормално. Изборниот ден ќе трае до 20 часот, а доколку во тој време пред гласачаките места има уште граѓани кои што чекаат да го дадат својот глас тоа ќе биде продолжено за еден час.

Право глас имаат 6 602 990 бугарски граѓани запишани во избирачкиот список. Отворени се 11 636 избирачки места, а во 9 369 од нив ќе се гласа машински, во 1 105 избирачки места ќе се гласа со два апарати, додека во 2 785 места, претежно помали градови и села бугарските граѓани ќе гласаат со хартиени ливчиња.

Избирачки места се отворени и во странство, вкупно 755. Во 301 од нив ќе се гласа машински, а вкупниот број на машини испратени во странство е 539. Во 454 гласачки места во странство ќе се гласа со хартиени ливчиња.

Според податоците на Бугарската Централна изборна комисија вкупно 181 граѓанин од С.Макеоднија се пријавени за гласање на бугарските парламентарни избори.

Најмногу се пријавени во Прилеп – 46, Кавадарци – 45, Велес – 42 лица.Инаку во Албанија се пријавиле 245 лица, во Србија 147, во Грција 795, во Босна 74, Црна Гора 7, Хрватска 34. Најмногу пријавени има во Турција – 26.019.

Според предизборните анкети, партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ, е во водство и ја има поддршката од 24 отсто од испитаниците, што е за осум процентни поени повеќе од Продолжуваме со промените на Кирил Петков и Асен Василев. Борисов се надева на убедлива победа, но се проценува дека ГЕРБ тешко ќе стигне до апсолутно мнозинство и ќе му биде потребен коалициски партнер или партнери за да формира влада.

Слични содржини