Бугарија е подготвена да го зголеми извозот на електрична енергија во Република Северна Македонија, но во согласност со нормите на европскиот енергетски пазар и бугарското законодавство, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев во изјава за тамошните медиуми после гласањето на избирачко место.
„Затоа и со претседателот Пендаровски и со претседателката на Европската комисија разговаравме за можностите Европската Унија финансиски да ја поддржи Македонија за да се избегне можна криза токму во претстојната зима во однос на снабдувањето со електрична енергија на Република Северна Македонија. Зависи од одлуките на европските институции и останува на Република Северна Македонија и ЕСМ да ги поднесе соодветните барања, за што ние помагаме“, истакнал Радев како одговор на новинарско прашање.