Следната недела се отвора новиот бугарски клуб „Цар Борис Трети“

од Nikola Popovski
117 прегледи

На седми октомври во Охрид ќе се отвори нов бугарски културен клуб во Македонија, наречен „Цар Борис Трети“. Отворањето е четири дена пред Денот на народното востание против фашистичкиот окупатор во Македонија и државниот празник 11-ти Октомври.

„На 7 октомври 2022 година, вториот бугарски културен центар официјално ќе ги отвори вратите во градот Охрид, Република Северна Македонија, кој ќе го носи името „Цар Борис III“. Специјален гостин на отворањето ќе биде бизнисменот, филантроп и филантроп д-р Милен Врабевски, со чија финансиска поддршка овој клуб ќе стане реалност. Ги покануваме сите пријатели и истомисленици во 12:00 часот по локално време во трговскиот центар Аман, кат 1, соба 128, заедно да отвориме уште еден центар за градење мостови меѓу двете братски земји!“, се вели во најавата на социјалните мрежи.

Цар Борис бил соработник на Хитлер во Втората светска војна. На 21 јануари 1941 година го потпишува антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата, ја презема паролата на нацистичка Германија „Eден цар, еден народ, една држава“ и е докажан заговорник за спроведување на т.н. „конечно решение на еврејското прашање“.

Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија веќе ја осудија регистрацијата на здружението од Охрид.

Во земјава веќе е отворен бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“, кој носи име на личност во историјата препознаена како соработник на фашистите, е сместен на улица Рузвелтова во Битола, која до Втората светска војна беше дел од еврејскиот деснодрагорски кварт. На оваа улица има повеќе објекти во кои живееле Евреи, од кои дел трагично настрадале во озлогласениот нацистички логор Треблинка по депортацијата во 1943 година.

Слични содржини