Лакрдија во Тетово: Навивач влезе на терен и му удри шлаканица на фудбалер (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
257 прегледи

Тетовската полиција соопшти дека е уапсен навивачот кој на мечот од 6. коло во Втората македонска лига меѓу Тетекс и Саса, влета на теренот и со тупаница го удри гостинскиот напаѓач Бошко Ступиќ.

„Полициски службеници на СВР Тетово на 1 октомври во 17 часот и 25 минути, во продолжението од фудбалски натпревар Тетекс-Каменица Саса, го лишиле од слобода Н.А.(18) од Тетово, кој ја прескокнал оградата од главната трибина и физички го нападнал гостинскиот фудбалер Б.С.(38) од Пробиштип. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок“, соопшти МВР.

Навивачот откако го удри фудбалерот побегна, преку теренот, но и низ оградата наоѓајќи една „дупка“ за да се протне.

Кратко по инцидентот судијата отсвири крај на мечот. Саса победи со 2-0.

 

Слични содржини