Борисов победи на изборите во Бугарија

од Берта Китинска
204 прегледи

Податоците на социолошката агенција „Галуп” од паралелното пребројување на 100 отсто од гласовите покажуваат дека на предвремените парламентарни избори во Бугарија победи коалицијата на Бојко Борисов – ГЕРБ-СДС со 23,5 отсто од гласовите.

Втора е „Продолжуваме со промената” на Кирил Петков и Асен Василев со 19,5 отсто, јавува дописникот на МИА од Софија. Движењето за права и слободи – 15,2%, националистичката партија “Преродба” ги удвои гласовите во однос на последните парламентарни избори во Бугарија и доби 10,0 отсто, Бугарската социјалистичка партија – 8,9 проценти „Демократска Бугарија” на Христо Иванов – 7, 0 отсто, а партијата на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев „Бугарски подем” според овие пресметки влегува во 48. Народно собрание на Бугарија и добива 4,7 проценти.

П од прагот за влез во парламентот остануваат „Има таков народ” на Слави Трифонов со 3,8 отсто, „Исправи се Бугарија” на поранешниот народен правобранител Маи Манолова со 1,1%, ВМРО – 0,8%, а оние кои гласале „Јас никого не поддржувам” се 3,4 проценти.

За формирање на Влада во Бугарија потребно е мнозинство од 121 пратеник, со оглед на тоа што во Народното собрание има вкупно 240 пратеници.

Како потенцијални владини коалиции се споменуваат „Промените продолжуваат“ на Кирил Петков заедно со БСП и „Демократска Бугарија од една страна, и ГЕРБ-СДС на Бојко Борисов заедно со ДПС и популистичката Взраждане.

Вака поставени работите Бојко Борисов би требало да ја формира новата бугарска влада, бидејќи во таков состав би имал 123 пратеници, доволно со тенко мнозинство во Народното собрание. Но, ваква влада е повеќе математички можна, отколку политички, особено поради имиџот на ДПС. Петков не би можел да ја формира новата влада бидејќи неговата коалиција би имала само 97 пратеници, кои не се доволни за мнозинство во парламентот.

Меѓутоа, бугарските медиуми веќе споменуваат и нова коалиција која би можела да се појави по ваквите резултати на изборите. Широка коалиција на двете најголеми партии во Бугарија, ГЕРБ-СДС на Борисов, заедно со „Промените продолжуваат“ на Кирил Петков и „Демократска Бугарија. Оваа коалиција би имала 130 мандати. Петков изјавуваше дека не би коалицирал со ГЕРБ додека на нејзино чело е Борисов.

Слични содржини