ФОТО: Ирина Шајк во корсет и искинати шорцеви на Модната недела во Париз

од Stefanija Kuzmanovska
326 прегледи

Манекенката Ирина Шајк се појави на Модната недела во Париз во необично модно издание кое привлече големо внимание.

Ирина Шајк ја посети ревијата на модерната дизајнерка Вивиен Вествуд во Париз.За оваа прилика манекенката носеше црвен корсет кој го истакна нејзиното деколте, искинати шорцеви и беж мантил.


Сето тоа го искомбинирала со чевли на високи потпетици кои потсетуваат на чизми со нијанси во бела, сина и црвена боја.

Таа го комплетираше својот аутфит со бисерен ѓердан и црни очила за сонце.

Корсетот го дизајнираше Вивиен Вествуд, која на модната ревија во Париз ја претстави колекцијата пролет/лето 2023 година.

Слични содржини