210
Бројот на загинати во самоубиствениот напад во образовен центар во Кабул се искачи на најмалку 43, покажуваат новите податоци објавени во понеделникот од Мисијата за помош на ОН во Авганистан.
„Четириесет и три мртви, 83 ранети. Главно, жртвите се млади жени и девојки“, напиша Мисијата, која очекува бројот на жртвите да се зголеми.
Во петокот беше извршен самоубиствен напад во образовен центар за подготовка за универзитетски студии, кој се наоѓа во областа на главниот град на Авганистан, каде што живее шиитското малцинство Хазари.
Во петокот имаше спорадични протести против нападот, главно предводени од жени, во Кабул и други градови.