Мицкоски: Поминав преку флаерите и билбордите, ќе поднесам пријава за клевата против СДСМ

од Берта Китинска
165 прегледи

Денес или најдоцна утре ќе поднесам пријава за клевата бидејќи СДСМ вчера рече дека сум докажан криминалец. Поминав преку флаерите и билбордите, но ова е премногу. Нека докажат, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во СТУДИО 10 во врска со обвинувањата за тендерите поврзани за енергетиката.

-Морам да го тужам СДСМ за клевета или да оствама неколку дена тие да се извинат, треба тоа да го докажат и парвосиланат пресудаа дека сум криминалец. А ние докажуваме кога објавуваме афери, потенцира тој.

Во однос на спорот со градоначалничката Данела Арсовска, Мицкоски вели дека е точно оти немаат директори во јавните претпријатија, но имаат мнозинство во градскиот совет. Намерата на ВМРО-ДПМНЕ е да продолжи да ги поддржува проектите кои се добри за градот.

Истото важи и за односите во Општина Карпош чијшто градоначалник Стевчо Јакимовски се откажа од ВМРО-ДПМНЕ која го поддржа на изборите.Мицкоски вели дека само излегување на предвремени избори ќе ја реши кризата во Македонија и дека неговата партија е подготвена.