Поскапуваат горивата

од Берта Китинска
285 прегледи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,20% % во однос на одлуката од 30.09.2022 година.

-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,973%, кај дизелот зголемување е во просек за 0,154%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 0,501% и кај мазутот намалување во просек за околу 0,187%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,360%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,460 ден/кг.

Од 4.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 89,00 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 92,50 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 89,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 50,228 (денари/килограм), информираат од РКЕ.

Слични содржини