Јас сум веќе две недели под константни напади од страна на ВМРО – ДПМНЕ и тоа со конструкција на најдолни лаги. Во однос на првата се обратив на Собранието, каде што точно можеа да чујат сите граѓани, а во однос на оваа сметам дека треба да се извинат, затоа што јас 22 години сум работел во приватниот сектор на најтранспарентен и најзаконски начин, кажа премиерот Димитар Ковачевски.
Тој потенцира дека ВМРО –ДПМНЕ треба да добие тужба оти две недели го напаѓаат со најдолни лаги.
-По продавањето на акциите во ПИКСЕЛ ГРУП ја немам никаков удел во таа компанија.Она што најмалку може да го направи нивниот претседател бидејќи тој е нарачателот на овие работи, бидејќи тој е фатен во корупциски скандали за кои се откажуваше од своите пријатели прво да се извини и да не ги тера пратенициет да изневуаат невистини, кажа Ковачевски во врска со аферата Броило.