Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска поднесе тужба за клевета против американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен, барајќи отштета од 475 милиони долари и тврдејќи дека телевизиската мрежа спровела „клеветничка кампања“ против него.
Трамп тврди во неговата тужба, поднесена во Окружниот суд на САД во Форт Лодердејл, Флорида, дека телевизијата го искористила своето влијание како водечка телевизиска куќа за да му нанесе политички пораз, објави Ројтерс.
Трамп во тужбата тврди дека Си-Ен-Ен користел клеветнички етикети против него како „расист“, „руски лакеј“, „бунтовник“ и „Хитлер“.
Како што наведе Ројтерс, Си-Ен-Ен одби да го коментира случајот.