Халили: Не е време ни за предвремени парламентарни избори, ни за широка владина коалиција

од Destan Jonuzi
474 прегледи

Не е време ни за предвремени парламентарни избори, ни за широка владина коалиција, смета политичкиот аналитичар Мухамед Халили, коментирајќи го предлогот на пратеникот и лидер на Демократски Сојуз, Павле Трајанов за широка владина колација коалиција.

– Неспорно е дека земјата е во економска и управувачка криза како што и цел свет е во економска, финансиска и енергетска криза. Излезот засега не го гледам ни во превремени парламентарни избори, ниту во широка владина коалиција. Широката коалиција ќе се создаде два табаора во иста влада и тогаш ќе се создаде нефункционална Влада и блокирани владини институции, изјави Халили за „Локално“.

Пратеникот и лидер на Демократски Сојуз, Павле Трајанов во последното телевизиско гостување предлагаше широка владина коалиција. Тој смета дека на ваков начин може да се помогне за решавање на кризата и подобро соочување со предизвиците.

– Моја сугестија е да се размисли за широка коалиција во која ќе бидат вклучени сите партии и ќе се вклучат сите капацитети во државата. Под широка коалиција мислам да влезе и ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски партии, вели Трајанов.

Д.Ј.

Слични содржини