Извори од Кремљ: „Владее хаос, Путин никого не го слуша повеќе“

од Stefanija Kuzmanovska
221 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин станува брзоплет и таинствен, соочен со поразите на бојното поле, предупредуваат упатени лица од Кремљ, укажувајќи дека рускиот лидер носи избрзани одлуки без да се консултира со некои од неговите воени началници. Во текот на изминатите неколку недели, The Telegraph разговараше со 15 државни службеници, пратеници и директори на јавни и приватни компании.

Сите високи извори – кои зборуваа под услов да останат анонимни – навеле дека воениот конфликт само ќе ескалира во наредните месеци. Сепак, никој не може да предвиди што ќе се случи ако Русија загуби.

Најзначајниот пораз на руската армија од почетокот на војната драматично ја промени ситуацијата внатре во Русија.

Изворите на The Telegraph велат дека украинската офанзива го принудила Кремљ да објави мобилизација и избрзани референдуми за анексијата на Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје.

„Путин не смее да загуби, па мора итно да ја сврти ситуацијата“, објасни извор близок до Кремљ.

„Владее хаос. Путин на сите им кажува различни работи“

„Постои тотален недостаток на координација. Владее хаос. Путин на сите им кажува различни работи“, изјави извор близок до владата.

Тој посочува дека тоа не се однесува само на економијата, туку и на начинот на кој се води војната: „Што правевме во Харков? Никој нема поим – ниту политичарите ниту армијата. Тоа едноставно се случи“.

Слични содржини