Мицкоски: Само 500 семејства се разбудија со топли радијатори, имаме одлични предлози

од Nikola Popovski
131 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево се појави пред Владата, на најавената средба со премиерот Димитар Ковачевски.

-Самиот факт што денеска само 500 семејства во Скопје се разбудија со топли радијатори покажува дека работата не е сјајна, туку катастрофална. Цениме дека како партија, во овие тешки моменти треба да се помогне. Тоа го правиме во претходните две недели, разговаравме и со коморите и со бизнисот. Побаравме официјална средба и вчера добивме потврден одговор од Ковачевски дека ќе најде време да не прими и да ги слушне нашите предлози и концепт. Цениме дека во овие тешки моменти, потребно е да помогнеме на граѓаните и Македонија. Тоа е момент кога треба да покажеме државност, а не да собираме политички поени, рече Мицкоски во своето обраќање пред средбата.

Мицкоски вели дека не знае дали ќе бидат прифатени нивните предлози од страна на Владата.

-Имаме одличен предлог, кој претходно им се допадна на коморите. Не гледам причина зошто Владата тоа да не го прифати, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред новинарите, пред зградата на Владата.