Не очекувам Мицкоски да ме фали, но очекував да биде поостар, порача Ковачевски по состанокот со Мицкоски

од Nikola Popovski
169 прегледи

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска изјави дека „не очекува првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ да го фали“.

-Од тоа што го видов во последниот период, очекував и да биде поостар во неговата изјава. Сметам дека состанокот помина во добар дух, се разговараше на експертско ниво за сите предизвици со кои се соочувавме. Дополнителни анализи ќе бидат направени во делот на снабдување со електрична енергија на јавните комунални претпријатија. Тоа е разбирливо бидејќи го имаат доминантниот број на градоначалници во државата. Јас го немам тој луксуз. Ние мораме поеднакво да се грижиме да сите претпријатија и сите граѓани без разлика каде живеат. Состанокот сепак беше во добар дух, одговори Ковачевски на новинарско прашање на прес-конференција во Владата после состанокот со Мицкоски и неговиот тим.