172
Во пресрет на почетокот на билатераниот скрининг со ЕУ, којшто треба да започне на 7 ноемвври, на барање на Секретаријатот за европски прашања, Владата усвои насоки за координација и подготовка на процесот на скрининг.
Со насоките се разработуваат прашања од значење за почетокот, подготовката и учеството во скринингот, како и организација и процедури на работните групи во процесот и оцена на усогласеноста на домашните прописи со законодавството на Европската Унија и нивното спроведување (скрининг).
Извештајот од билатералниот скрининг го подготвува Европската комисија, по неговото завршување, а документот во форма на нацрт Извештај, ќе биде споделен со надлежните институции во земјава пред тој да биде доставен на усвојување до Советот на ЕУ.