Маск сепак даде понуда за Твитер, тргувањето со акции е прекинато

од Nikola Popovski
139 прегледи

По најавата дека Илон Маск ќе продолжи со преземањето на Твитер, тргувањето со акции на оваа социјална мрежа е прекинато.

Блумберг објави дека милијардерот Илон Маск е подготвен да го купи Твитер по првичната цена што ја понуди пред неколку месеци пред да се повлече од договорот.Акциите на Твитер пораснаа за речиси 13 отсто пред да се запре тргувањето.

Маск, инаку, требаше да се соочи со Твитер на суд кон крајот на овој месец.

Во април директорот на „Тесла“ понуди да плати 54,20 долари по акција – тогаш вредноста на Твитер беше проценета на 44 милијарди долари.

Неколку недели подоцна тој се повлече од договорот, наведувајќи ја загриженоста дека бројот на ботови на платформата е поголем отколку што тврдеше Твитер.

Твитер ги отфрли обвинувањата и го тужеше Маск за да го принуди да го исполни договорот.

Имаше и остар пад на вредноста на технолошките акции, вклучително и на Тесла, компанијата за електрични автомобили која лежи во основата на голем дел од богатството на Маск.

Твитер го обвини Маск дека сака да се повлече од договорот бидејќи бил загрижен за цената.

Фото: Shutterstock/Sergei Elagin

Слични содржини