Јовановски: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да имаа средби за важни прашања, еден куп работи во Македонија ќе беа многу поинакви!

од Берта Китинска
154 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашната средба договорија ВМРО-ДПМНЕ да ги достави своите контакти за набавка на поевтини енергенси до министерот за економија Крешник Бектеши, кој треба да ги исконтактира посочените субјекти за да се утврди дали нивните понуди ги задоволуваат потребните критериуми.

Свој коментар на Фејсбук за средбата изнесе Зоран Јовановски потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија.

-Од осамостојувањето наваму, да имаа СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ нормални редовни средби за важни прашања, еден куп работи во Македонија ќе беа многу, многу поинакви!Можда доаѓа време кога мнозинството гласачи во земјава ќе почне да го бара тоа од овие политички партии, пишува Јовановски.

Слични содржини