227
Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, од денеска има чин генерал-полковник. За ова лично го информирал рускиот претседател Владимир Путин, објави Кадиров на својот официјален канал на Телеграм.
„Претседателот на Русија ми го додели чинот генерал-полковник и лично Владимир Владимирович ме информираше за тоа и ми честиташе. Исклучително сум благодарен на нашиот врховен командант што ги цени моите заслуги“, напиша Кадиров.
Лидерот на Чеченија, кој често го нарекуваат „бесниот пес на Путин“, изјави дека ова е голема чест за него, пренесува „Телеграф“.
„Ветувам дека ќе ја оправдам однапред укажаната доверба“, напиша Кадиров.