Новиот пакет санкции против Русија, подготвен од Европската унија, нема да го вклучува изземањето, т.е. дерогација за Западен Балкан, а со тоа и за Србија, поради односот на Белград кон официјална Москва.
Тоа практично значи дека, како што е наведено во шестиот пакет санкции на ЕУ, од 1 ноември Србија нема да може да се снабдува преку Јадранскиот гасовод, што ја доведува во прашање цената на домашниот пазар, како и изборот на алтернативни патишта за снабдување.
– Србија не воведува санкции кон Русија, затоа не треба да има корист од отстапувањето. Со овој став се согласија и другите земји-членки (ЕУ) – изјавил дипломатски извор кој бил вклучен во дискусиите за новиот пакет санкции, пренесува Радио Слободна Европа.
Да потсетиме, во првиот нацрт на предлогот за овој пакет санкции, Западен Балкан беше изземен од ограничувањата поврзани со увозот на руска сурова нафта. Во тој предлог беше наведено дека е неопходно да се предвиди отстапување за земјите од Западен Балкан, за да се заштити енергетската безбедност на регионот.
Првично, требаше да овозможи транзит на руска сурова нафта преку нафтоводот низ Хрватска, под услов таквиот транзит да остане во границите на просечните нивоа од претходните години.
По дискусија на ниво на амбасадори на земјите-членки на ЕУ, параграфот за дерогација бил отстранет поради непочитувањето на санкциите на ЕУ кон Русија од страна на Србија, кои се одговор на руската агресија врз Украина, пишува Радио Слободна Европа.
Исто така, како што пренесува хрватски „Индекс“, втората причина е што по длабинска анализа, експертите од ЕУ дошле до заклучок дека постои доволна диверзификација на изворите на сурова нафта, така што нема потреба од отстапување ниту од таа страна.
Од 1 ноември, Србија нема да може да се снабдува со руска нафта преку Јадранскиот гасовод (ЈАНАФ) или кое било друго пристаниште или поморска рута.
Неговата цена, како и стравувањата од можни санкции, беа причина Србија во претходниот период значително да го зголеми увозот на сурова нафта од Москва, од минатогодишните 16 на дури 60 проценти. Поради оваа причина, значително е намален увозот од Ирак, од каде лани доаѓаше дури 47 отсто сурова нафта, како и од Казахстан, кој на српскиот пазар беше застапен за 10 отсто.
Забраната за увоз, инаку, се однесува на нафта што ја испорачуваат бродови, а од оваа мерка привремено се изземени земји кои немаат море како Унгарија, Бугарија, Чешка и Полска.
Фото: Tanjug/Predsedništvo Srbije